Струга Трим Лум запиша убедлива победа од 6-0 против Гоблен јуниор во 21. коло од Втората лига – Запад со која дополнително се зацврсти на водечката позиција.
Стрелци на головите за стружани беа младиот Абдулхади Јахја во два наврати, Цветаноски, Лена, Касами и Османи.
Пелистер успеа да извлече реми (2-2) на гостувањето против Гостивар благодарение на голот на Петар Љамчевски во 88. минута. Претходно, Башким Љама и Љавдрим Скендери во два наврати носеа водство за гостиварци, а Благојче Главевски беше стрелец на првиот гол за Пелистер.
Скопје и Тетекс ремизираа (1-1) во Автокоманда. Есмин Личина од пенал во 15. минута донесе водство за Скопје, а израмнувачкиот гол за „штофарите“ го постигна Валон Зеќири во 22. минута.
Лабуништа не успеа да стигне до триумф против Генч Калемлер, играјќи натпревар без голови.
РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО
Велазерими – Кораби 2-0
Лабуништа – Генч Калемлер 0-0
Гостивар – Пелистер 2-2
Скопје – Тетекс 1-1
Струга ТЛ – Гоблен јуниор 6-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА