Струга Трим Лум и водечкиот Гостивар одиграа без победник (1-1) во дерби натпреварот од 3. коло во Втората лига – Запад.
Домашниот тим поведе со голот на Благојче Главевски во 8. минута, а израмни Бобан Мариќ во 68. минута од средбата.
Во Тетово, Тетекс загуби од Еуромилк ГЛ со 1-2 по пресвртот, откако во првото полувреме „штофарите“ водеа со голот на Марио Станковски. Но, Алији и Спиркоски погодија во вториот дел за „млекарите“ кои стигнаа до три бода.
Велазерими до триумфот против Зајази од 2-0 стигна благодарение на голот на Шабан Сулиман во 62. минута од средбата и на Адили во самиот финиш.
Локомотива благодарение на голот на Александар Стојановски во 70. минута дојде до бод од гостувањето против Новаци. За домашните стрелаше Благоја Наумоски во 61. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО
Новаци – Локомотива 1-1
Струга Трим Лум – Гостивар 1-1
Тетекс – Еуромилк ГЛ 1-2
Македонија ЃП – Лабуништа 1-1
Велазерими – Зајази 2-0
ТАБЕЛА: Гостивар 7 бода, Велазерими 6, Струга Трим Лум 5, Тетекс 4, Локомотива 4, Новаци 4, Еуромилк ГЛ 4, Македонија ЃП 2, Лабуништа 2, Зајази 1 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА