Струга Трим Лум го совлада Тетекс со 1-0 и најави дека и оваа сезона ќе атакува на највисок пласман во Втората лига Запад. Стружани славеа со голот на Фламур Таири од пенал постигнат во 30.минута од натпреварот.
Велазерими исто така е фаворит за влез во елитата, а тоа го потврди и со победата над Кораб на гости (2-4). Кораб прв поведе со голот на Един Мерсовски, но потоа Велазерими реагираше соодветно и преку Мурат Адили, кој беше двоен стрелец, и Шпенд Асани, дојде до заслужена победа. Хабиб Клобучишта од пенал и Газим Бакиевски во самиот финиш го поставија конечниот резултат.
Скопје го декласира тимот на Лабуништа со 6-0, а головите за домашниот тим ги постигнаа Милан Ристовски, Теодор Димитровски и Милан Алексиќ во првиот дел, како и двапати Денис Миленов и Теодор Димитровски, во вториот дел. Немаше голови на дуелот Гоблен јуниор – Пелистер, додека Генч Калемлер го совлада Гостивар со 3-2. За домашните двоен стрелец беше Емир Алиу, а во листата на стрелците се запиша и Малик Белули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА