Фудбалерите на Струга Трим Лум остварија историски успех за клубот и за првпат го доведоа во елитното прволигашко друштво. Стружани ремизираа 1-1 во Битола против Пелистер, со што и математички обезбедија промоција како првопласирана екипа во Втората лига Запад.
Дејан Цветаноски во 37.минута го совлада Трајчевски и донесе водство (0-1) за Струга Трим Лум. Пелистер успеа да израмни со погодокот на Филип Бошковски во 64.минута од дуелот.
Второпласираната екипа на Лабуништа стигна до 2-2 против Гостивар на гости. Домаќинот обезбеди предност со головите на Алили, но Клечкароски и Далчески во вториот дел донесоа бод за Лабуништа.
Скопје го совлада Велазерими со 1-0 со голот на Брњарчевски. Тетекс исто така обезбеди важен триумф во битката за опстанок против Кораби, а стрелец на победничкиот гол (1-0) беше Билбиловски.
Вчера во Гостивар, Генч Калемлер го совлада Гоблен Јуниор со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА