ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Тетекс го освои Кичево, Охрид во 90. минута до бод од Гостивар

Фудбалерите на Охрид активно ја продолжуваат битката за втората позиција на табелата во Втората лига – Запад откако во 23. коло ремизираа (1-1) на гостувањето против Гостивар.

Гостиварци поведоа со голот на Хакан Лимани во првото полувреме, но охриѓани до бодот дојдоа со погодокот на Наум Вељаноски во 90. минута.

Тетекс запиша и втора едноподруго победа во битката за опстанок, триумфирајќи против Велазерими во Кичево со 0-1. Стрелец на голот за „штофарите“ беше Мирослав Јовановски во 70. минута од средбата.

Велешта, пак, славеше со 3-2 против Кораби, а Кадино славеше против Дрита Боговиње со 2-1.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (23. коло)
Кадино – Дрита 2-1
Велешта – Кораби 3-2
Гостивар – Охрид 1-1
Велазерими – Тетекс 0-1

 

Се вчитува...