На дуелот на кој „Војводи“ славеа 30 години од своето формирање, Тетекс дојде до реми (1-1) против лидерот Струга Трим Лум во 12. коло од Втората лига Запад.
Арбен Тафе во 26. минута донесе водство за Струга, а Тетекс израмни во 58. минута со голот од пенал на Меритон Салии.
Благојче Главевски донесе победа за Пелистер на дуелот со Гоблен јуниор од 2-0. Главевски ги постигна двата гола за домашните, во 29. и во 85. минута од средбата.
Гостивар загуби со неверојатен пресврт во финишот со 2-3 од Генч Калемлер. Флорент Османи со гол во 56. минута донесе предност за Гостивар од 2-1, откако ретходно, по првото полувреме резултатот гласеше 1-1. Валон Закири донесе водство за Гостивар уште во 5. минута, а израмни Арменд Даути во 33. минута. На крајот Генч Калемлер стигна до победата со головите на Хасан во 79. минута од пенал и Алии во 90. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 12. КОЛО
Велазерими – Кораби 1-4
Гостивар – Генч Калемлер 2-3
Пелистер – Гоблен јуниор 2-0
Тетекс – Струга ТЛ 1-1
Лабуништа – Скопје (утре, 13:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА