Тетекс испушти победа во последните минути од полошкото дерби во 20. коло од Втората лига – Запад, ремизирајќи на домашен терен против Гостивар со 1-1.
Стрелец на единствениот гол за „штофарите“ беше Дарко Ѓурчиновски во 62. минута од средбата, но гостите израмнија со погодок во 91. минута на Башким Љама.
Пелистер се врати на победите, триумфирајќи со 1-0 против Велазерими благодарение на погодокот на Александар Неданоски уште во 20. минута од средбата.
Генч Калемлер со голот на Малиќ Белули победи со 1-0 против Скопје, а Лабуништа нанижа и втора едноподруго победа овојпат триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Гоблен јуниор со голот на Игор Клечкароски во 63. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО
Пелистер – Велазерими 1-0
Тетекс – Гостивар 1-0
Генч Калемлер – Скопје 1-0
Гоблен јуниор – Лабуништа 0-1
Кораби – Струга ТЛ (утре, 15:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА