Фудбалерите на Скопје го добија дербито од првото пролетно коло во Втората лига – Запад славејќи на домашен терен со 2-0 против Велазерими.
Стрелец на головите за скопјани беше Вилдан Керим во 70. и во 73. минута.
И Пелистер дојде до трите бода со кои ја зачува предноста на чело на табелата, славејќи со 3-0 против Кораб. Битолчани славеа со головите на Александер Борха Кордоба во 7. минута и Љавдрим Фазлиу во 31. минута, како и Благојче Главевски во 93. минута.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД – 15. КОЛО
Скопје – Велазерими 2-0
Кадино – Гостивар 1-1
Пелистер – Кораб 3-0
Вардар Форино – Дрита 2-0
УТРЕ (14 ч.)
Лабуништа – Охрид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА