ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар го совлада Силекс и остана во игра за бараж

Фудбалерите на Вардар му го нанесоа првиот пораз на Силекс сезонава и со тоа ги задржаа шансите за враќање во елитата, откако славеа со 1-0 на домашен терен во натпревар од претпоследното 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 9. минута кога голот победа за „црвено-црните“ го постигна Иван Николов. Воска очекувано славеше на домашен терен против Беса со 3-0, а стрелци на погодоците за тимот од Охрид беа Трпески, Јакимоски и Алији. На Воска во последното коло и е потребен барем бод против Силекс, за освојување на второто место во ВМФЛ – Запад и обезбедување на бараж за пласман во елитата.

Во останатите мечеви од денешната понуда: Гостивар – Охрид 0-0, Тетекс – Кораб 3-3 и Кадино – Велешта 1-1.

РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО

ВАРДАР – СИЛЕКС           1-0

ВОСКА – БЕСА                    3-0

ГОСТИВАР – ОХРИД        0-0

ТЕТЕКС – КОРАБ               3-3

КАДИНО – ВЕЛЕШТА     1-1

Се вчитува...