ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар останува второлигаш, Воска во баражот за Прва лига!

Во првата своја година како второлигаш по формирањето, екипата на Воска спорт обезбеди бараж за пласман во прволигашкото друштво откако во последното коло од Втората лига – Запад ремизираше со 1-1 на гостувањето против Силекс, повеќе од доволно за обезбедување на второто место пред Вардар. За Силекс тоа беше натпревар без значење ако се знае дека од претходно веќе обезбеди директен пласман во Првата лига.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, пак, и покрај силните амбиции и најавите пред стартот на сезоната дека експресно ќе се врати во Првата лига не успеа во тоа, па и следната сезона повторно ќе игра во второлигашкото друштво. „Вардарци“ денеска славеа 1-2 на гостувањето против Кораби завршувајќи на третата позиција на табелата. Давид Велковски во 24. минута донесе предност за Вардар од 0-1.

Воска во Кратово поведе со голот на Ристе Илијовски во 51. минута од средбата, но Танушев во 75. минута ги постави конечните 1-1.

Охрид со головите на Роберт Митев славеше со 2-0 против Тетекс, па избегна испаѓање, а во понизок ранг на натпреварување од следната сезона се селат Кораби, Велешта и Кадино.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Силекс – Воска Спорт 1-1

Кораби – Вардар 1-2

Охрид – Тетекс 2-0

Беса – Кадино 7-2

Велешта – Гостивар 1-2

Се вчитува...