Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна до првата победа во пролетниот дел од сезоната, откако во 17. коло од Втората македонска фудбалска лига запад славеше над тетовскиот Тетекс со 2-0.
Водство за „црвено-црните“ донесе Дејан Блажевски од пенал во судиското продолжение во првото полувреме, додека конечните 2-0 ги постави Глишиќ во 94. минута.
Лидерот Силекс не успеа да дојде до победа ниту во вториот натпревар пролетва во ВМФЛ – Запад. По минато неделното реми против Гостивар (1-1), овој пат кратовци одиграа без голови на гостувањето кај Беса.
Во градското дерби Воска со голот на Емини во 95. минута од пенал славеше над Охрид со 1-0. Во останатите два натпревари Велешта – Кадино 2-0 и Кораб – Гостивар 1-3.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (17. КОЛО)
Вардар – Тетекс 2-0
Воска – Охрид 1-0
Беса – Силекс 0-0
Велешта – Кадино 2-0
Кораб – Гостивар 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА