Најтрофејниот македонски клуб Вардар се избламира и на гостувањето против Гостивар во 22. коло од Втората лига – Запад, со што се чини веќе ги губи сите надежи за бараж за враќање во прволигашкото друштво, откако Воска славеше со 1-2 на гостувањето против Кадино.
Вардар, пак, и покрај тоа што имаше предност од 0-1 на гостувањето во Гостивар со голот на Демир, загуби со 2-1, по головите на Демири и Ајдини во вториот дел за домашните.
Воска Спорт, пак, се намачи, но со пресврт дојде до триумф од 1-2 против Кадино. Избраниците на Цицмиловиќ најпрво изедначија преку Љупчо Трпески во 59. минута, а во 84. минута Михајло Јакимоски ги постави конечните 1-2.
Три бода запиша и Силекс на гостувањето против Велешта со 1-2. Спиркоски и Манасиевски стрелаа за кратовци.
РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
ТЕТЕКС – БЕСА 0-0
ГОСТИВАР – ВАРДАР 2-1
КАДИНО – ВОСКА 1-2
ВЕЛЕШТА – СИЛЕКС 1-2
ОХРИД – КОРАБИ 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА