ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар се лизна во Охрид, Силекс против Гостивар, победа на Воска

Најтрофејниот македонски клуб Вардар одигра без голови 0-0 на гостувањето кај Охрид во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ иако пред почетокот најавуваа максимален учинок во вториот дел од сезоната, се лизнаа уште на првата пречка.

Лидерот Силекс одигра само нерешено 1-1 на домашен терен против Гостивар во првото коло од пролетниот дел од сезоната. Благоја Спиркоски донесе водство за кратовци во 29. минута, додека конечните 1-1 ги постави Стојанчо Велинов во 34. минута.

Фудбалерите на Воска без проблеми славеа на гостувањето кај Кадино со 0-2. Стрелци за гостите беа Арѓент Гафури и Изаир Емини.

Во преостанатите два натпревари од понудата во 16. коло Тетекс – Кораб 2-0 и Беса – Велешта 3-1.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (16. КОЛО)

Охрид – Вардар 0-0

Силекс – Гостивар 1-1

Кадино – Воска  0-2

Тетекс – Кораб 2-0

Беса – Велешта 3-1

Се вчитува...