Вардар убедливо со 0-3 ја доби „братската“ дерби пресметка со Тетекс во 8. коло од Втората лига – Запад. Црвено-црните до триумфот дојдоа со головите на Филип Петковски, Вилдан Керим и Дејан Блажевски, сите три во првото полувреме.
Силекс, пак, си останува со истата бодовна разлика на врвот од табелата откако славеше против Беса со 1-0 со голот на Ѓорѓи Танушев во 78. минута од натпреварот.
Воска Спорт со пресврт славеше со 1-2 против Охрид во охридската пресметка. Охрид со голот на Клечкароски дојде до предност, но потоа Воска Спорт со головите на Емини во 44. минута и Паноски во 79. минута дојде до целосен пресврт.
Велешта го победи Кадино со 0-1 со голот на Нијаз Лена уште во 7. минута од натпреварот.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Силекс – Беса 1-0
Кадино – Велешта 0-1
Охрид – Воска спорт 1-2
Тетекс – Вардар 0-3
Гостивар – Кораби 4-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА