ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар во финишот го „урна“ Гостивар, Силекс продолжува со победи

Вардар стигна до нова победа во Втората македонска фудбалска лига запад, откако славеше на домашен терен во еден тежок натпревар над Гостивар со 3-1. Вардар поведе со голот на Мишковски во судиското надополнување во првиот дел, додека гостите израмнија преку Рушити во 73. минута. На 2-1 за „црвенп-црните“ зголеми капитенот Дејан Блажевски во 81. минута, додека конечните 3-1 ги постави Филип Петковски од пенал во 91. минута.

Силекс продолжува сигурно да чекори кон враќање во елитата, откако славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Кораб. Победничкиот гол за кратовци го постигна Арсим Љамалари во 27. минута.

Воска спорт продолжува да го прати лидерот Силекс откако славеше со 2-0 против Тетекс. Во останатите мечеви Велешта – Охрид 0-0 и Беса – Кадино 1-1.

РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО

Кораб – Силекс 0-1

Вардар – Гостивар  3-1

Воска – Тетекс   2-0

Велешта – Охрид

Беса – Кадино 1-1

Се вчитува...