Фудбалерите на Силекс сигурно чекорат кон промоција во Првата македонска фудбалска лига следната сезона. Кратовци денеска славеа на гостувањето кај Кораб со 0-1 во 20. коло од Втората македонска фудбалска лига Запад. Клучниот момент во натпреварот се случи во 55. минута кога Антонио Каланоски донесе три бода за Силекс.
До минимална победа од 0-1 стигна и Воска на гостувањето кај градскиот ривал Охрид. Клучниот момент се случи во 87. минута кога Изаир Емини стрелаше прецизно од пенал. Со минималнио 0-1 славеше и Вардар на гостувањето кај Велешта, а голот за победа го постигна Ерен Парталко во 71. минута.
Во преостанатите два натпревари од 20. рунда Тетекс славеше на гостувањето кај Кадино со 0-4, додека Гостивар и Беса одиграа без голови 0-0.
РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО
Гостивар – Беса 0-0
Кадино – Тетекс 0-4
Велешта – Вардар 0-1
Охрид – Воска Спорт 0-1
Кораби – Силекс 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА