ВТОРА ЛИГА: Жоглев во 96. минута донесе триумф за Вардар, Охрид ремизираше во Радовиш

Вардар ја задржа предност од четири бода на врвот во Втората лига пред Гостивар откако во 21. коло триумфираше на гостувањето против Локомотива со 1-2.

На дуелот кој поради казната на Локомотива се играше во Кичево, вардарци до победата дојдоа со голот на Владимир Жоглев во 96. минута. Претходно, првото полувреме заврши без предност за ниту една од екипите, 1-1. Вардар поведе со голот на Дејан Цветаноски во 29. минута, а Хасан Сунај во 44. минута беше стрелец за домашните.

Во останатите денешни натпревари победа славеше уште Арсими со 2-4 на гостувањето против Борец во Велес, додека останатите три дуели завршија без победник.

Охрид ремизираше (1-1) на гостувањето против Детонит Плачковица, а Тетекс извлече реми без голови на гостувањето против Каменица Саса.

ВТОРА ЛИГА – 21. КОЛО
Локомотива – Вардар 1-2
Детонит – Охрид 1-1
Борец – Арсими 2-4
Караорман – Кожуф 0-0
Каменица Саса – Тетекс 0-0
ВЧЕРА
Гостивар – Слога Виница 5-0
Беса – Беласица 3-0

Воска спорт – Пелистер (22. март, 15 ч.)

Се вчитува...