Втора победа на Македонија до 15 години против Косово

Македонската репрезентација до 15 години ја оствари втората победа на двомечот против селекцијата на Косово. Избраниците на Горан Станковски денеска славеа триумф со 4-1, на мечот одигран на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Два гола постигна Алиу, додека Аврамоаски и Јанчевски стрелаа по еднаш, за на крај убедлива победа за нашата селекција.

Првиот меч во Приштина заврши со победа на Македонија со 1-0.

Се вчитува...