Ракометарките на Вардар во Подгорица ја забележаа втората победа на првиот турнир од новата сезона во регионалната лига. По триумфот над домаќинот Будуќност во вчерашниот прв меч, во вториот дуел, денеска, Вардар славеше победа против Крим со 30-27.
Иако настапија во речиси преполовен состав без неколку повредени ракометарки, вардарки во поголемиот дел од натпреварот беа во предност и ја контролираа играта. На полувремето заминаа со три гола позитива (14-11).
Крим успеа да изедначи на стартот од вториот дел (14-14), а на стартот од последната четвртина имаа и водтсво од 22-19. Но, Вардар во последните десет минути направи пресврт и успеа да ја задржи предноста до крај.
Лидер во нападот на Вардар и на овој меч беше Јованка Радичевиќ со 10 погодоци. Андреа Лекиќ постигна пет, а Андреа Кликовац беше стрелец на три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА