Кога Аркада Галаци игра на домашен терен, одбојкарите на овој романски клуб немаат проблеми со запишување на нова победа. Ништо поразлично не беше ниту на денешниот натпревар во рамки на петнаесеттото коло од тамошното домашно првенство.
Аркада ја нагости Стинца Бакау и дома ја испрати без планираните бодови. Романскиот клуб чии напади ги организира репрезентативниот техничар Филип Деспотовски ја запиша втората победа за оваа календарска година, седма на домашен терен од максимални седум натпревари одиграни.
Деспотовски и соиграчите се мачеа само во првиот сет кој го загубија со 23-25. Во наредните три апсолутно доминираше домашниот состав, гостите од Бакау не можеа да се снајдат со брзата игра на домаќинот што резултираше со губење на трите наредни сета за конечни 3-1 (25-16, 25-18, 25-14).
Во наредното коло, Деспотовски и Аркада ќе гостуваат кај Баја Маре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА