Македонската Дејвис-куп репрезентацијата ја забележа и втората победа на турнирот од најмасовното тениско репрезентативно натпреварување што се одржува во Скопје.
Нашите тенисери успеаја да слават со 2-1 во пресметките со ривалите од Молдавија, откако како решавачки се покажа дубл-дуелот во кој Ивановски и Мицов славеа со 2-1 во сетови на Кјумак и Снитари. Македонските тенисери го добија првиот сет со 6-4, а во вториот пропуштија две меч-топки во тај-брејкот во кој водеа со 6-4, а на крајот го загубија со 7-9.
Клучен се покажа четвртиот гејм во третиот сет што Ивановски и Мицов го освоија на сервис на противникот, без загубен поен и потоа успеаја да го сочуваат водството до крајот (6-3).
Утре Македонија ја очекува дуел против Летонија кој ќе биде еден од клучните за пласман во Втората светска дивизија од Дејвис купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

