Металург лесно и убедливо го совлада Радовиш со 31-19 за втора овосезонска победа на тимот на тренерот Иван Марковски. Екипата од Автокоманда очиледно ја надмина кризата од стартот на сезоната, па денеска сосема рутински стигна до нови бодови против ривалот кој минатиот викенд го „испоти“ тимот на Бутел.
Мечот беше решен уште во првото полувреме, што „металурзите“ го добија со 14-9, потоа успевајќи уште повеќе да ја зголемат предноста во вторите 30 минути. На самиот почеток од вториот дел Металург поведе со 19-10, првото двоцифрено водство изнесуваше 21-11, за на крајот домашниот состав да слави со конечни „плус дванаесет“.
Златко Хорват се врати во составот со седум постигнати погодоци, еден помалку од турскиот бек Озтурк, кој со осум гола беше најдобар стрелец на мечот. Најефикасен во таборот на радовишани беше Органџиев со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА