Луис Хамилтон продолжува да се соочува со проблеми со болидот на Мерцедес. Откако во првата трка остана без победата, актуелниот светски првак сега ќе заработи казна од пет позиции поради одлуката да биде заменет уредот за менување на брзини.
Вообичаено ваквите промени се прават во подоцнежниот дел од сезоната, но механичарите на Мерцедес увиделе сериозен проблем со хидрауликата, поради што Хамилтон имаше послабо време од Раиконен и од Феетел на денешните тренинзи.
Тимските консултации завршиле со одлука да се смени уредот за менување на брзини и кај Хамилтон и кај Ботас, што ќе значи казна од по пет позиции за двајцата возачи на Мерцедес во однос на пласманот што ќе го обезбедат на утрешните квалификации за пол-позицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА