Пол Погба го очекува долга пауза од терените откако и повторениот допинг-тест извршен вчера бил позитивен, со што се потврдува наодот од првичното тестирање извршено по дуелот со Удинезе во месец август.
Французинот упорно тврди дека е невин и свесно не земал никаква забранета супстанца, но и вториот земен примерок од неговиот организам бил позитивен на тестостерон, по што се очекува Фудбалската Асоцијација и официјално да почне истрага против асот на Јувентус.
Лесно може да се случи и Погба наскоро да остане и без клуб, ако се знае дека Јувентус во изминатиот период ја разгледуваше опцијата за раскин на договорот на штета на фудбалерот, со што би се ослободиле од плаќање на играчот со највисока плата во тимот. Максималната санкција за ваков вид престап изнесува четири години, па нема да биде никакво изненадување и доколку Погба, кој во изминатиот период имаше бројни проблеми со повреди, објави и предвремен крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

