Вториот тим на Е. Пелистер успешно го мина Куманово

Ракометарите на Е. Пелистер 2 триумфираа со 28-30 на гостувањето против Куманово во 3. коло од Суперлигата на Македонија.

Уште во првото полувреме битолчани навестија дека се дојдени по победата, па предводени од Ненад Белистојаноски и Петар Маркоски дојдоа до предност од 12-15.

Во второто полувреме само се одржуваше предноста, домашните се обидоа да дојдат до неизвесна завршница, но дојдоа само до гол негатива од 27-28. На крај за победа на Е. Пелистер од 28-30.

Кај домашните се издвои Тоше Ончев со 9 гола, а кај гостите Белистојаноски имаше седум гола од седум обиди, Маркоски заврши со седум гола, а Баптист постигна шест погодоци.

Се вчитува...