КК ТФТ Скопје и оваа година ќе го организира меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“, во чест на прерано заминатиот пријател, симпатизер и искрен љубител на кошарката – Андреј Грковски, познат како Тафта.
Овој турнир е многу повеќе од спортски настан. Тоа е момент на сеќавање, благодарност и хуманост. Во негово име и спомен, турнирот ќе има хуманитарен карактер, а сите средства собрани од настанот ќе бидат донирани на семејството на Андреј.
Распоред на натпревари
️Сабота, 20 септември
17:00 ч. — МЗТ Скопје vs Тиквеш
19:30 ч. — ТФТ vs Кожув
️ Недела, 21 септември
17:00 ч. — Натпревар за 3-то место
19:30 ч. — Финале
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

