Игор Стефановски – Иџе се задоволи само со второто место на трката во Словенија во Европскиот ридско планински шампионат. По ваквиот исход најдобриот македонски автомобилист дополнително заостана зад лидерот и победник од Словенија, па трката за титулата во својата група станува тешко достижна.
Антонино Миљуоло заврши како првопласиран овој викенд по двете трки во Илирска Бистрица, со време од 5:30,859. Стефановски имаше вкупно време од 5:35,969, што беше доволно за втората позиција на трката.
Дождот го изненади македонскиот тим, а им одеше од рака на останатите возачи, особено на Миљуоло кој со својот Митсубиши Лансер подобро се снајде од Македонецот со своето Хјундаи и30.
Миљуоло со новите 25 поени застана на 159, додека Иџе освои 18 и е на 141. Последната трка оваа сезона се вози во Бузет, Хрватска, а таму на Стефановски му е потребно многу среќа, бидејќи само катастрофална трка на Миљуоло или евентуално откажување му оди од рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА