Сите тир гостински тима постигнаа голови на стартот од второто полувреме на мечевите во Торино, Манчестер и Лисабон.
Сите погледи се насочени кон „Етихад“, каде што Манчестер Сити имаше водство по првиот дел против Реал Мадрид со голот на Халанд. Канонадата на шанси продолжи и во вториот дел, со тоа што Мбапе во 62. минута му донесе израмнување на тимот на „кралевите“. По одличен центаршут, Мбапе ја зафати топката и го измами Едерсон.
Во Лисабон Борусија Дортмунд дојде до 0-2. Гираси со глава погоди во мрежата на домашните, по центаршут на Бранд за 0-1, а потоа во противничката мрежа погоди и Грос.
Во Торино, пак, „шок“ за Јувентус, откако ПСВ израмни со голот на Перишиќ во 56. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

