Второлигашот Тиквеш на подготовки во Маврово

Македонскиот второлигаш Тиквеш замина на седумдневни подготовки во Маврово. Тимот на Љупчо Димитковски таму ќе продолжи со подобрување на физичката подготвеност, а ќе одигра и три пријателски натпревари.

Тиквеш утре ќе спарингува со српскиот тим Динамо Врање, а в недела ќе има тест дуел со Кораб Дебар. На 24 јули е закажан и пријателски меч со прволигашот Ренова.

Се вчитува...