Ливерпул на отворањето на новата сезона во Премиер-лигата со убедливи 4-1 го совлада новајлијата Норич. Голеадата почна со автоголот на Грент Хенли во седмата минута од натпреварот, што беше прв гол сезонава во англискиот шампионат.
Сезоната во Англија да биде отворена со автогол е само вторпат во историјата. Првиот пат тоа беше во сезоната 2015/2016 кога автогол си постигна Кајл Вокер кој во тоа време играше за Тотенхем, а натпреварот неговиот тим го загуби од Манчестер Јунајтед со 1-0. Тоа беше годината кога Лестер изненадувачки се радуваше на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА