Црногорскиот центар кој веќе 13 години настапува во НБА лигата, а во моментот е дел од Чикаго, Никола Вучевиќ присуствуваше на свечениот натпревар во Љубљана по повод пензионирањето на Горан Драгаиќ по што говореше за медиумите на повеќе теми.
Една од нив беше и враќањето на европската сцена. 33-годишникот откри дека доколку дојде до камбек во Европа сака тоа да биде во редовите на Црвена Звезда, неговиот омилен клуб, но за тоа треба и да се поклопат многу работи.
„Сакам да играм во НБА лигата колку што можам подолго. Тоа е најдобрата лига, таму играат најдобрите играчи и ги има најдобрите услови. Во моментот не размислувам за враќање во Европа, но доколку тоа се случи Црвена Звезда е мојот избор. Но, за тоа да се случи ќе треба многу работи да се поклопат“, вели Вучевиќ.
Црногорецот во професионалната кариера има само еден настап на европската сцена, за Будуќност во сезоната 2011/12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА