Вучевиќ херој на Чикаго против Јута (ВИДЕО)

Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ повторно беше херој на Чикаго булс во трилер победата на домашен терен против Јута џез од 128-126.

Покрај поените за победа кои ги постигна Црногорецот, тој натпреварот го заврши со 35 поени. Кај поразените недоволни беше партијата на кариерата на Сензабу кој мечот го заврши со 43 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Торонто 101-115, Филаделфија – Кливленд 107-133, Њу Орлеанс – Бруклин 116-113, Далас – Денвер 109-118, Сакраменто – Њујорк 112-101 и ЛА Клиперс – Вашингтон 119-105.

Се вчитува...