Кошаркарите на Чикаго Булс имаат разочарувачки старт на новата сезона. По 18 одиграни натпревари некогашниот гигант забележа само пет победи и 13 порази со што е при дното на табелата во Источната конференција.
Разочарувачкиот старт го коментираше црногорскиот центар Никола Вучевиќ кој изјави дека на тимот му е подобро комуникација, но и дека верува во кадарот дека може да направи пресврт.
„Не очекувавме ваков почеток на сезоната. Никој не сака да губи и дефинитивно не забавно. Едноставно не очекувавме дека ќе биде вака. Се наоѓаме во тешка позиција, но можеме да се извлечеме. Мораме да останеме заедно, мораме да најдеме начин да почнеме да победуваме во низа. Верувам како и сите во тимот дека имаме кадри способни да ја подобриме ситуацијата, но мора да комуницираме подобро“, изјави Црногорецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

