Вучиќ јавно го нападна Партизан: „Јас сум п**ер, а тие должат 26 милиони евра“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е познат по тоа што често во јавноста зборува за работи за кои државен лидер нема потреба да зборува. Сепак, Вучиќ сака да биде во центарот на вниманието, а нема подобар начин да го купи тоа внимание од тоа да зборува за најголемите спортски клубови во Србија Црвена звезда и Партизан, чии долгови ги откри утрово на телевизија „Пинк“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ е познат како голем фан на Црвена звезда. Тој тоа не го крие и постојано го истакнува во јавноста, а иако не треба премногу да се интересира за вакви работи, јавно зборува и за долговите на најголемите српски клубови.

Вучиќ денеска откри дека Црвена звезда и Партизан имаат милионски долгови. Но, посебен проблем е Партизан чија фудбалска и кошаркарска секција должат неверојатна сума.

„Заедно фудбалските и кошаркарските клубови Партизан и должат на државата 26 милиони евра даночни обврски. Тогаш јас сум п**ер за навивачите на тој клуб, затоа што ги оставивме да не плаќаат, а овие другите треба да платат“, изјави Вучиќ. 

Се вчитува...