Вучиќ: Македонците ќе навиваат за Србија на ОИ во Париз…

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вчерашното обраќање во јавноста се сврте и на спортски теми, коментирајќи ги претстојните Олимписки Игри во Париз.

Тој не крие дека очекува златни одличја од српската експедиција во Париз, истакнувајќи дека државата обезбедила рекордни премии за главните лауреати. Воедно, Вучиќ им порача на српските спортисти дека ќе ја имаат и поддршката на луѓето од регионот, меѓу нив и од Македонците.

„Оние Американците се „чувај боже“ во кошарка, но ние на последниот меч бевме без Богдановиќ, го немавме ни Милутинов. Кога би стигнале до среброто во кошарка би било чудесно. Верувам и во нашите ватерполисти, во одбојкарките. Целта што ја зацртавме е десет медали, вложивме многу пари, а наградите се меѓу најголемите во светот, за секое злато даваме по 200.000 евра. Спортистите треба да знаат дека луѓето од Црна Гора, од Македонија и од Републиак Српска ќе навиваат за нив во сите спортови. Кошарката сигурно ќе привлече најголемо внимание, но јас мислам дека треба да се истакнеме во сите спортови во кои ќе учествуваме“, истакна Александар Вучиќ.

Се вчитува...