Вучиќ: На ЕВРО навивав за Македонија, сега е време нашите браќа Македонци да ни возвратат

Фудбалската репрезентација на Србија вечерва ќе го одигра премиерниот меч на Светското првенство во Катар каде во 1. коло од групата Г ќе се сретне со еден од најголемите фаворити за освојување на титулата, селекцијата на Бразил.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика сите Македонци да навиваат на овој шампионат за Србија.

„Верувам дека и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија, ќе навиваат за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, изјави меѓу другото Вучиќ.

Се вчитува...