Српската ватерполо репрезентација донесе нова радост кај нашиот северен сосед откако во големото финале на Европското првенство во Белград славеше со 10-7 над Унгарија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку социјалната мрежа „Инстаграм“ им ја честиташе победата на златните херои и упати наредба веднаш да им биде исплатена премијата од 20 илјади евра од човек.
„Уште еднаш покажавме дека сме најдобри во Европа. Им благодарам за целиот труд, енергијам, ентузијазам и работа. Влада, уште утре наутро парите да им се исплатат на оние кои чесно ги заработија. Да живее Србија“, порача Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

