Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на спортските клубови дека треба да ги подмират сите даночни долгови кон државата, затоа што од тие пари се гради со во државата.
„Им честитам на кошаркарите на Партизан на пласманот меѓу најдобрите осум во Европа. Но, што се однесува до долговите, се надевам дека ќе си ги подмират истите. Тоа посебно се однесува на фудбалскиот клуб Партизан кој должи огромни средства. Ние вчера им дадовме дополнителни пари за да може да играат во Европа, но мора да ги платат долговите. Црвена Звезда стои многу подобро финансиски“ – вели Вучиќ, кој го поздрави односот на Црвена Звезда кон државата.
„КК Црвена Звезда е на само околу еден милион од даночниот долг, но КК Партизан има седум милиони долг. ФК Партизан, пак, има 17 милиони долг данок, што е ужасно. Мора да се платат долговите, е на последно да се мисли на државата. Па, не е државата ‘последна дупка на свиралото’“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА