Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за време на гостувањето на Српската радио телевизија зборуваше и за актуелните спортски настани.
Тој како голем фан на кошарката вели дека Црвена звезда е доминантна долги години, но потсети дека државата им помага на двете екипи и додаде дека верува оти наскоро ќе сигурно ќе имаат европски шампион.
„Србија заслужи да има два претставника во топ 8 на Евролигата бидејќи Црвена звезда загуби некои натпревари на несреќен начин. Би сакал Кампацо да остане во Црвена звезда, но тоа е прашање за раководството на тимот. Сигурен сум дека наскоро ќе имаме европски шампион“, изјави Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА