Вучиќ во елемент: Само вие смејте ми се, но Србија ќе игра полуфинале на СП во Катар

Српската спортска јавност не е најзадоволна по ждребот за СП 2022, во која нашиот северен сосед за ривали ги доби Бразил, Швајцарија и Камерун.

Сепак, претседателот на Србија, Александар Вучиќ смета дека мора да се биде оптимист, најавувајќи дека оваа селекција ќе стигне до полуфиналето на мундијалот.

„Сите ми се смееја кога влегов во авионот и им реков на момците да одат и да ги победат Роналдо и останатите среде Португалија. Став на јавноста е дека имаме ужасна група, но јас пак мислам дека ждребот е одличен и дека ќе играме полуфинале. Ќе ја минеме групата, а потоа вкрстуваме со најлесната група, со оние кои веќе ги имаме победувано, Португалија и Уругвај. Тоа значи – ете ја Србија меѓу најдобрите осум во светот. Потоа ќе седат Шпанците или Хрватите, ќе ги победиме и нив и ќе играме полуфинале. Само вие смејте ми се, ќе видите дека ќе биде така“, прокоментира Вучиќ.

Се вчитува...