Извршниот директор на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд, повторно ги фрустрира навивачите на „црвените ѓаволи“ откако стави до знаење дека нема намера да обезбедува дополнителен буџет за трансфери во јануарскиот преоден рок.
Жозе Мурињо се надеваше дека по тивкиот летен преоден рок ќе има најмалку 100 милиони фунти за трошење во текот на зимата, па веќе имаше закажано и состанок со Вудворд на кој требаше да се дискутира детално за играчите кои Португалецот сака да ги види во својот тим.
Во најголем дел стануваше збор за играчи во одбраната, листа предводена од Рафаел Варан, но Мурињо дополнително се разочарал кога состанокот бил откажан во „пет до дванаесет“, со порака дека клубот не планира да троши богатство ниту во претстојниот преоден рок. Ставот на директорот е јасен, Португалецот најпрвин да продаде дел од играчите на кои не смета за да финансира нови засилувања, Мурињо одби да го стори тоа во текот на летото, па останува да се види дали трофејниот стручњак ќе го смени своето мислење, или повторно ќе остане без нови фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА