Иако од претходно беше договорен неговиот трансфер од Силекс во Академија Пандев, 26-годишниот српски голман Никола Вујанац сега и официјално промовиран во дресот на новиот македонски прволигаш.
Вујанац со Академија Пандев потпиша договор на една година, со можност за продолжување на истиот на уште една година.
А, на голманската позиција „академците“ во својот клуб, но во младинските категории, доведоа и уште едно име, младинскиот репрезентативец за играчи до 16 години, Марко Алчевски кој потекнува од ФК Талент од Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА