Еден од најдобрите фудбалери на Шкупи, Штефан Вујчиќ верува дека сите од македонскиот тим вечерва ќе уживаат во фудбалскиот спектакл на „Иброкс“ во Глазгов.
Шкупи го очекува првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа против шкотски Глазгов Ренџерс, а Вујчиќ нагласува дека и покрај аутсајдерската улога на чаирчани сепак тука се да се обидат да дојдат до изненадување за кое ќе слушне цела фудбалска Европа…
„Се надевам дека сите ние ќе уживаме во овој натпревар. Затоа и се игра фудбалот… Тоа што ќе играме пред полн стадион во убав амбиент е голем мотив и за нас. Свесни сме дека во Шкотска допатувавме како аутсајдери, но сигурно и не сме тука за да се предадеме однапред. Напротив, сакаме да одиграме добар натпревар и да дојдеме до резултат кој ќе ни овозможи надеж во реваншот и за елиминација на Глазгов“ – вели Вујчиќ пред натпреварот кој стартува од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА