Вујкото на Ибра откри детали од тешкото детство на Златан

Златан Ибрахимовиќ и со 40 години се уште е еден од најдобрите фудбалери во светот. Неодамна постигна феноменален гол против Рома во победата на Милан од 1-2, со што стигна до бројката од 450 лигашки погодоци во кариерата.

Легендарниот фудбалер не сака во јавноста да изнесува детали од неговото детство, меѓутоа неговиот вујко, Гојко Гравиќ откри многу детали од неговото детство.

„Првпат го видов кога имаше шест години. Беше неверојатно силен и изгледаше како да има барем десет години. Сакаше да помага буквално за се. Работеше на поле помагаше и околу тракторот беше љубопитен. Не им беше воопшто лесно со неговата мајка Јурка откако таа се разведе со татко му. Неговата мајка работеше по цели денови како чистачка, а додека таа работела некоја госпоѓа во Малме, му давала сендвич секој ден за да не биде гладен. Откако се прослави тој ја најде госпоѓата и врати за добрината со голема сума пари“, изјави Гравиќ. 

 

Се вчитува...