Сосема очекувано Веселин Вујовиќ беше разочаран по поразот од Македонија од 25-24 на стартот од Европското првенство во Хрватска.
Популарниот „Вујо мајсторе“ по финишот реагираше на записничката маса за судењето, истото коментирајќи го и во својата прва изјава околу натпреварот…
„Не знам што да кажам. Очекувавме тежок натпревар, знаевме дека ќе биде неизвесен меч и така беше. Не можам да го објаснам начинот на судење, и некои одлуки се нејасни како и зошто ги носат судиите, но тоа е тоа. Во секој случај заслужена победа на Македонија. Повеќе го посакуваше триумфот и искрено и честитам. Сега ние се концентрираме веднаш на дуелот со Германија и со Црна Гора, но ќе биде малку тешко од психолошки аспект да се врати тимот во игра“ – рече Вујовиќ по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА