Во екс-ју групата Ц во Загреб на Европското ракометно првенство во јануари, ќе има многу „балкански ракомет“, но и многу измешани емоции. Ждрепката во иста група ги смести трите репрезентации од поранешната држава – Македнија, Словенија и Црна Гора и актуелниот европски шампион Германија.
Македонија во групата ќе игра против двајца поранешни селектори – Веселин Вујовиќ кој сега е селектор на Словенија и Драган Ѓукиќ кој сега ја предводи Црна Гора. А, Веселин Вујовиќ пак ќе игра против две свои поранешни репрезентации – неговата родна Црна Гора и Македонија.
Токму тоа не го сакаше Вујовиќ во својата група, но ждрепката не го послуша. Сега, „Вујо мајсторе“ има втора желба…
„Она што не го сакав во својата група се репрезентациите од нашата поранешна Југославија, и не ми се оствари желбата. Се чини дека во нашата група сите се среќни, Германците како фаворити, а сите ние другите гледаме своја шанса. Јас би сакал да поминат Словенија, Македонија и Црна Гора, а да испадне Германија“ – вели Веселин Вујовиќ во изјавата за ЕКИПА.
Токму Македонија и Словенија ќе играат меѓусебен на отворањето на шампионатот. во првиот натпревар на 13 јануари. Овие две репрезентации беа во иста група и на СП во Франција годинава. Словенија тогаш во Мец ја победи Македонија со 29-22, а потоа стигна до историскиот бронзен медал на ракометниот мундијал.
Европското првенство во Хрватска ќе се одигра од 12 до 28 јануари наредната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА