Веселин Вујовиќ имаше свое шоу на прес-конференцијата по мечот, посочувајќи ги судиите како главни виновици за конечниот исход.
„Честитки на Македонија за заслужената победа, знам колку им значи на овие ракометари, на цела македонска јавност и мило ми е што ќе ужива во овој триумф. Можам да им честитам на моите ракометари, тие не се виновни, виновен сум јас бидејќи мислев дека во своите 45 години во ракометот знам нешто за овој спорт, но очигледно сум се лажел. Мислев дека ракометот се игра за ракометарите, за навивачите, а не за судиите да имаат свое шоу. Во 90% од ситуациите имаше смешни судиски одлуки, најчесто во корист на Македонија и доколку ЕХФ ја оцени оваа арбитража како добра, тогаш треба да почнам да се занимавам со нешто друго. Можеби ќе станам рудар, кога веќе не се разбирам од ракомет“ – изјави Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА