Хрватите очигледно посакуваат актуелниве години на клупата на својата ракометна репрезентација да имаат селектор кој, на некој начин, е поврзан со Македонија.
Хрватските медиуми како неуспех го оценија 5. место на „коцкестите“ на актуелното Европско првенство, па по веќе најавеното заминување на Лино Червар од селекторската функција, веќе се спомнуваат и најсериозните кандидати за него наследник.
А, Червар, кој од селекторската клупа на Македонија се пресели во Хрватска, се очекува да го наследат или актуелниот селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ или Ивица Обрван.
Интересно, токму пред Червар, Ивица Обрван беше на клупата на македонската селекција, а „Вујо мајсторе“ како што е познато е поранешен македонски селектор и долги години тренер на РК Вардар во минатото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА