Ракометниот клуб Вардар во следниот период ќе биде предводен од миленикот на навивачите на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, потврди денеска и официјално претседателот на клубот Михајло Михајловски.
За Вујовиќ кој на клупата ќе го наследи Стевче Алушовски, ова ќе биде трет мандат со двократниот европски шампион откако на чело на клубот од Скопје беше во периодот од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.
„Потврдувам дека Веселин Вујовиќ е нов тренер на Вардар. И други тренери беа заинтересирани за Вардар, но дефинитивен избор е Вујовиќ кој одлично го познава клубот. Беше шест години во Вардар и имаме одлична соработка.“, изјави кратко претседателот на клубот на прес-конференцијата на црвено-црните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА