Веселин Вујовиќ не стана селектор на Хрватска, но долгогодишниот тренер на Вардар сепак најде нов ангажман во оваа држава, откако постигна договор за седнување на клупата на Нексе.
Хрватскиот вицепрвак минатата седмица го отпушти Бранко Тамше по поразот од Сесвете, како опции беа споменувани неколку тренери од регионот, но на крајот изборот падна врз Вујовиќ, кој во кариерата ги водеше Сиудад Реал, Вардар, Загреб, Копер и Ал Сад, а како селектор ги има водено репрезентациите на Иран, Македонија, Словенија и Србија и Црна Гора.
Се очекува Вујовиќ во текот на денешниот ден да потпише договор со Нексе, по што би дебитирал наклупата на новиот тим веќе утре, на дуелот од ЕХФ Лигата на Европа против Горење Велење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА